Има ли стока во авионот?

Иако звучи како првоаприлска шега, беше прашање на ден кога ова ќе стане стварност: авиокомпанија почна да им наплаќа на своите патници според нивната килажа.

Самоа Ер е првата авиокомпанија во светот која не наплаќа по седиште туку по килограмите на патникот. Муштеријата се мери и плаќа толку колку што тежи (нормално, и дестинацијата е битна).

Цените се движат од еден долар за килограм на пократките летови, до 4,16 долари/кило на подолгите.

Познавачит велат дека авиокомпаниите едвај чекаа некој да го скриши мразот и да наплаќа на килажа, бидејќи нациите главно се дебелеат а тоа им ги зголемува трошоците за гориво.

Лицата во Самоа Ер велат дека нивниот нов систем на наплата посебно им одговара на семејствата со мали деца за кои веќе не мора да се закупува седиште по стандардна цена туку ќе платат само онолку колку што тежат.

2 април 2013 - 11:36