
Станува збор за колекционерскиот модел Mercedes-Benz 300 SL Gullwing Coupe (со вратите што се отвораат како крилја), кој повеќе не се произведува и се проценува дека во светот го има во уште 1.400 примероци.
За време на судирот во автомобилот биле 26-годишниот мајстор и неговиот 19-годишен чирак, и двајцата од една од најпознатите германски работилници за Мерцедес - Mechatronics.
Според полицијата, возачот го надминал ограничувањето од 90 км на час, по што автомобилот излетал од патот и се извртел.
300 SL прв пат бил преставен во февруари 1954-та на автомобилскиот саем во Њујорк, а легендарната Gullwing верзија била достапна само од 1955-та до 1957-ма.