Како изгледа најстрогиот закон против оружје во САД

Конектикат е на добар пат да го донесе најстрогиот закон во САД за поседување на оружје. Со оглед на тоа што планираат да променат, они до сега биле бетер од Талибанци.

Промената на законот ќе важи само за Конектикат, и никако за која било друга сојузна држава, а неговото разгледување започна дури по масакрот во Њутаун во кој беа убиени 20 деца и 7 возрасни.

Промените што се предлагаат со законот се:

- Забрана за продажба на шаржери со над 10 куршуми.

- Проверка на минатото (криминални и психијатриски досиеја) на луѓето кои сакаат да купат оружје.

- Правење на регистар со сите сопственици на шаржери со поголем капацитет од 10 куршуми.

- Задолжителен тренинг на секој што ќе купи пушка или сачмарка.

- Забрана за сите кои доброволно се пријавиле во ментална болница да поседуваат огнено оружје во период од 6 месеци по излегувањето.

- Забрана за продажба на куршуми што пробиваат панцир.

- Забрана за продажба на армиско оружје.

2 април 2013 - 19:39