Мажи посериозно, жени полека

Кога се однесува на тежината, мажите и жените тераат по старо. Првиве секогаш се уверени дека се послаби отколку што навистина се, вторите секогаш веруваат дека се подебели отколку што се.

Мажите е два пати поверојатно да ја потценат својата дебелина во споредба со жените. Речиси секој четврти маж од кого било побарано сам да оцени дали е здрав, прекумерно тежок или дебел, себеси се сместил најмалку една категорија послаб отколку што навистина е.

За разлика од нив, жените постојано биле во паника дека се дебели. Само 8% од жените се сместиле во послаба категорија, додека над 27% верувале дека се подебели отколку што навистина тежат.

Генерално и кај двата пола поверојатно било луѓето кои имале здрав БМИ коректно да ја погодат својата категорија.

Бројките се добиени од 300.000 испитаници, кои на сајтот на Гардијан требало да ја внесат својата висина, тежина и да одберат во која категорија спаѓаат според нивниот БМИ

29 март 2013 - 22:00