
Станува збор за продавницата Celiac Supplies, која продава храна без глутен. Влезницата е 5 долари, ама ако решите да купите нешто парите ќе ви бидат одбиени од крајната сметка.
Како што објаснува сопственичката на продавницата, причина за ова е што таа секоја недела троши часови и часови на давање совети за храна на потенцијалните купувачи, за на крај тие да си заминат и производот да го купат на интернет или во друга продавница.
"Јас не сум тука да давам добротворни услуги, за потоа големите супермаркети да прават повеќе пари (заради моите совети)."
Инаку едно истражување на ИБМ од јануари годинава покажа дека 50% од производите кои биле купени на интернет, купувачите претходно ги разгледувале во продавница или супермаркет.