Во 2011-та, Ерменија воведе задолжителни часови по шах за учениците во второ, трето и четврто одделени (претходно беа факултативни), а според наставната програма неделно предвидени се по 2 часа шах. До сега на проектот за опремување на училниците со шаховски табли се потрошени 3 милиони долари.
Како што објаснува министерот за образование на Ерменија, целта на шаховската иницијатива не се само медалите и олимпијадите, туку и поттикнување на креативно мислење.
"Шахот помага да се развијат различни вештини - лидерство, носење одлуки, стратешко мислење, логично мислење и одговорност. Ние ги градиме овие карактеристики кај нашите млади. Иднината на светот зависи од такви креативни лидери кои имаат капацитет да ги донесат правите одлуки, како и карактер да се преземе одговорност за погрешните одлуки," изјавил министерот Армен Аштојан.
Истражувањето за успехот на програмата покажало дека децата кои играат шах, на тестовите имале подобри оценки за индивидуалност, креативно размислување, рефлекси и компаративна анализа.
Веќе има најави дека примерот на Ерменија, ќе го следат Унгарија, Молдавија, Украина и Шпанија.