Воздухот во Кина е лош, водата е бетер

Иако сликите од смогот над Пекинг преовладуваа низ меѓународните медиуми, она што е драматично посериозно е загадувањето на реките и езерата во земјата.

Освен регуларните болести што загадената вода ги создава низ целиот свет, во Кина таа е поврзана и со растот на "селата со рак," области покрај реки или езера во кои има висока стапка на заболени од рак.

Според анализата на Тајм, причината за ваквата состојба со загадувањето во земјата не е заради технички или финансиски проблеми, туку затоа што кај власти преовладува немотивираност да го решат загадувањето.

Меѓу криминалот што до сега е направен во кинеските води е:

- Во март над 2.200 свињи беа најдени мртви во реката во Шангај, која е главен извор на вода за градот.

 

- Во декември 2011-та две нелегални фабрики за хемикалии ги испуштија своите отпадни води во канализација што предизвика реката Џианхе во провинцијата Хенан да стане црвена.

 

- Езерото Чаоху во провинцијата Анхуи е една од 8-те реки и езера во Кина, на чие прочистување владата ќе потроши околу 7,4 милијарди долари.

 

- Река во провинцијата Гижу

 

- Рибарите чистат едно пристаниште во Северна Кина, во експлозијата на нафтоводот од кој истекоа над 1.600 литри сурова нафта.

 

- Истекувањето на канализацијата на еден рудник за бакар, предизвика помор на 1,8 милиони тони риба.

 

Некои од локациите на кои Кинезите ловат риба:

 

 

 

 

1 април 2013 - 12:27