"Капиталот кој го поседува црквата и кој е поголем од 100 милиони евра е изгубен. Ќе има доста проблеми, некои ќе изгубат работа, ќе порасне бројот на гладни а црквата мора да ја превземе грижата за народот," изјавил архиепископот Хризостом Втори.
Православната црква има значителен капитал на островот, вклучувајќи и удел во банките кои се пред сам банкрот. Таа е и најголемиот земјопоседник на Кипар.
Пред неколку дена, архиепископот побара Кипар да излезе од евро зоната и да ја врати својата стара валута, кипарската фунта.