Иако Саудијците секоја година примаат по околу 5 милиони аџии, нивното движење во основа се сведува на аеродром, Мека или Медина и назад.
Во земјата воопшто не постојат туристички визи, а основите по кои странците може да влезат во Саудиска Арабија, најчесто се сведуваат бизнис или посета на семејството.
Дури и претседателот на саудиската комисија за туризам, принцот Султан бин Салман бин Абдул Азис ал-Сауд, смета дека кралството не е подготвено за туризам, без разлика колку тој ќе помогне во подоброто разбирање на земјата.
"Кога сакаш да поканиш некого во својот дом, сакаш твојата куќа да биде подготвена за да ги прими," изјави принцот кој уште во 2009-та, најави дека "во блиска иднина" земјата ќе почне да дели туристички визи.
Главно оправданине за ваквиот став е што земјата само минатата година имаше 288 милијарди долари во приходи од нафта, па веројатно не сака да си го расипува мирот што го има со наплив на туристи. Освен тоа, евентуалното пуштање на странци повлекува и дузина прашања: Што ќе речат конзервативците за напливот на неверници, дали жените од Западот ќе се согласат да ги носат долгите мантии и марами, дали овие жени ќе сакаат да возат автомобил и слично.
И покрај ваквото однесување, Саудијците се комплетно посветени на зачувување на своите историски споменици и нивно обновување. Меѓу поголемите проекти се: реставрација на првата престолнина на Саудиска Арабија, градот ал-Дирија, основан во 1740-та, и ангажманот на 25 тимови на археолози кои низ целата земја ископуваат докази за пред муслиманското минато на Саудиска Арабија