Колку чини дизајнирањето на лого

Главното правило кога плаќаш за лого е дека не треба да очекуваш неговата цена да одговара со парите што мислиш дека ќе ти ги донесе. Еве колку платија за своето лого некои од најголемите компании во светот.

Микрософт: 0 долари
Логото е дело на дизајнерскиот тим вработен во Микрософт.



Гугл: 0 долари
Оригиналното лого е дело на Сергеј Брин, кој во 1998-ма го креира шарениот знак во ГИМП.


Кока-Кола: 0 долари
Логото за најпознатиот бренд во светот е создадено во 1886-та од партнерот и сметководител на Кока-кола, Франк Робинсон. Токму Робинсон го предложил името Coca-Cola надевајќи се дека "двете C ќе изгледаат добро на рекламите." Тој експериментира со логото, за конечно да го напише во стил карактеристичен за тоа време.


Твитер: 15 долари
Логото на Твитер е купено од сајтот iStockphoto, а за авторските права компанијата има платено 15 долари. Негов автор е Сајмон Оуксли, Британец кој живее во Јапонија. Според правилата на iStockphoto, тој најверојатно заработил 6 долари за неговото дело.


Најк: 35 долари
Ко-основачот на Најк, Фил Најт, го купил сега славното лого во 1971-ва од студентката по графички дизајн Каролин Давидсон. Најт предавал сметководство на Универзитетот Портланд Стејт и во ходник чул за проблемот на Давидсон која не можела да си да купи бои. Тој и понудил 2 долари од час за таа да му изработи графикони, табели и логото.

"Не го сакам, ама можеби ќе почне да ми се допаѓа," изјавил Најт, откако платил 35 долари за штиклираното.


Енрон: 33.000 долари
Логото е дело на Пол Ранд, кој за него во 90-те добива 33.000 долари. Ранд исто така има правено логоа за ЕјБиСи, АјБиЕм, УПС, Некст и Вестингхаус.


Глазгов 2014 Игри на Комонвелтот: 95.000 долари
Логото е дело на агенцијата Marque.


Некст: 100.000 долари
Пред да го прави логото за Енрон, во 1986-та по нарачка на Стив Џобс го прави логото за Некст.


Лондон 2012: 625.000 долари

Олимпискиот комитет плати 400.000 фунти за едно од најконтроверзните логоа во историјата на игрите. Делото е дизајн на Волф Олинс, а е направено во 2007-ма. Критиката на логото се движеше од тоа дека на него всушност пишува ZION, до тоа дека изгледа како Лиса Симпсон сред орален секс.



Пепси: 1 милион долари
Логото на Пепси во 2008-ма беше редизајнирано од Арнел групата по цена од 1 милиони долари. Во цената треба да е влезено и комплетно брендирање на амбалажата на компанијата.


БиБиСи: 1,8 милиони долари
Во 1997-ма, БиБиСи одлучи да го смени своето лого од сивите коцки со RGB линиите, во црно бели коцки со името во Гил Санс фонт.


Accenture: 100 милиони долари
Ова е цената за комплетното ребрендирање на Андерсен консалтинг, по неговото излегување од групацијата Андерсен. Името треба да е кратеница од "accent on the future."

26 март 2013 - 17:56