Бизнис

Зошто Бил Гејтс мрази кеш

Не е дека мрази да носи готовина во себе, туку не ја сака готовината заради влијанието што го има врз "спротивниот крај на спектрумот на богатството" - сиромашните. Заради ова Гејтс решава да ја формира Better Than Cash алијансата.

Русија - ЕУ: Тикви ќе ви купуваме компири

Четири века откако Петар Велики од Холандија ги донесе првите компири, Русија на Европа и вели: Па, доста е.

"Недопирливите" на Барак Обама

Frontline на PBS (јавниот радиодифузен сервис на САД) направи сериозна едночасовна анализа за тоа како чаушите од Вол Стрит избегнаа казни за измамите кои доводеа до светска економска криза и што сè администрацијата на Обама не направи за да ги поштеди олигарсите.

Парите купуваат среќа, а вие како сакате

Класичната економска приказна за парите и добробитта е дека парите купуваат среќа ама до одредена точка, по ова парите имаат се помало влијание на среќата. Новото истражување, тврди спротивно, парите нонстоп влијаат на среќа.

ММФ: "Упс..."

Во врска со задолжителните мерки за штедење кои ММФ им ги нареди на Грција и останатите речиси банкротирани членки на ЕУ, од Фондот сега признаваат - веројатно згрешивме.

Паричката од 1.000 милијарди долари

Целиот проблем со зголемувањето на националниот долг на САД (за кој Обама секоја година мора да се бутка на рака) би се решил доколку се направи една паричка од платина вредна 1.000 милијарди долари. Барем така сметаат економистите.

Продадена њујоршката берза

По 220 години независност компанијата NYSE Euronext, сопственик на New York Stock Exchange е купена за 8,2 милијарди долари. Компанијата оперира и со берзи во Франција, Холандија, Белгија и Португалија.

Што ѝ е проблемот на Европа?

Моменталниот консензус е дека за се е виновна Франција. Прво Moody и го намали рејтингот на земјата, потоа ММФ, ОЕСР и Европската комисија порачаа дека државата треба да преземе економски реформи, за на крај и германските медиуми да почнат да го обвинуваат Париз а не Рим, Мадрид или Атина за проблемите на Унијата.

Часови по броење пари

3,4 милијарди фунти е цената што Британија ја плаќа секоја година за тоа што нејзините жители не знаат како да си ги трошат парите.

Во милион фунти, одма

Првиот човек на Бритиш Ервејс: кај и да е, ќе го купат Вирџин Атлантик и тоа најверојатно ќе биде крај на овој бренд. Ричард Брансон: ај јас и ти по милион фунти да ставиме, а?

Газа, завршна сметка

Иако и пред бомбардирањето изгледаше урнисано, сепак израелските напади успеале да направат над 1 милијарда долари штета во Газа.

Зошто 27 држави не можат да престанат да губат пари на ДДВ

Летово 15 лица од Британија и Белгија беа уапсени за обемна даночна измама во која преку повеќе од 50 вистински и фантомски компании скриле данок од околу 220 милиони евра. Вкупниот обем на сите даночни измами во ЕУ се проценува на околу 100 милијарди евра.

Како Епл го крие данокот

Паралелно додека годинава ја освојуваше листата на најбогати компании во светот, Епл успеа да најде начин како да го плати најмалиот можен данок во историјата - само 1,9%. Регуларно, данокот за корпорации во САД изнесува - 35%.

Запознајте го најзадолжениот човек на светот

Се вика Жером Кервиел и е поранешен финансиски трговец на Сосиете Женерал. Поранешен, заради тоа што некако помисли дека може да ја измами банката. Сега треба да врати сè до последна пара.

Кина извезува и пари

Над 600 милијарди долари се изнесени од Кина на црно, само во текот на 2011-та. Вкупно, од 2000. до 2011. сумата е цели 3700 милијарди долари.

Италијанците и позајмуваат пари на Италија

Марио Монти реши да воведе "патриотски обврзници" за спасување на земјата, со чие купување граѓаните директно ќе даваат пари за полнење на буџетот. И таман кога сите се спремија да го критикуваат, парите почнаа да доаѓаат.

Халал кредит

За да се ублажи табуто меѓу муслиманите чија вера забранува зеленашење, пуштена е Мастер кредитна картичка во која има вметнат компас кој на корисникот секогаш му ја покажува Мека, точниот правец на дневните молитви. Прајслес.

Корејскиот поп индекс

DI е среден по големина производител на полупроводници од Јужна Кореја, која без никакви промени во бизнис план, производство, технологија, маркетинг или менаџерски тим, во рок до 3 недели успеа да ја зголеми вредноста на своите акции за речиси 200%.

Крај на најмалата Кока-кола

Во САД се затвора и последната фабричка лента во земјата која полнеше Кока-кола во мали повратни шишиња. Главна причина - им ги крадат шишенцата.

Како Телефоника стана проблем на ЕУ

Во 2009-та Телефоника охрабрена од правата за продажба на Ајфон во неколку држави, објавува храбри предвидувања за идната заработка. Три години подоцна Телефоника е најзадолжената компанија во светот.

Како Обама, белгиските банкари и ЕУ го уништија Иран

Во рок од само една недела, иранската валута - риалот - изгуби 40% од својата вредност, што инстантно предизвика немири низ земјата. Еве како дојде до тоа.

ИКЕА испаднаа пуси

ИКЕА често знае да направи провокативна кампања. Ама, не сака во својот бренд да увезува туѓи провокации. 

Невработен студент Гугл сонува

Како најпосакувано место за вработување на студентите по бизнис, веќе четврта година по ред не е некоја инвестициска банка или консултантска компанија, туку е Гугл, а меѓу топ 4 компании на списокот само една е од финансиски сектор.

Не се враќа, не се плаќа

Весниците се обидуваат страшните загуби од стандардните хартиени формати да ги надополнат со приходи од интернет изданијата. Засега, тенко. За 25 долари изгубени на хартија успеваат да вратат само еден долар од интернет приходи.