Некој украде 7 милисекунди и над пола милијарда долари

Минатата среда Федералните резерви објавија редовна информација дека нема да го намалат купувањето на обврзници. Информацијата е објавена во Вашингтон во точно 14 часот, во Чикаго веста стига 7 милисекунди подоцна. Во овој период некој успева да направи мало богатство.

Во трговијата која се случува неколку мигови пред 14 часот, биле разменети околу 600 милиони долари во најразличен имот, меѓу кои најголем удел имале трговците од Чикаго.

Главниот сомнеж е дека некој од новинарите, кои во специјална изолирана соба во зградата на Федералните резерви ја добиваат информацијата пред 14 часот, успеал некако да ја пренесе веста пред време.

Dow Jones и Томсон Ројтерс, двата најголеми сервиси кои ја објавуваат оваа информација, во писмена изјава објасниле дека тие не ја пуштиле информацијата пред 14 часот. Иста изјава дале и од Блумберг њуз и The Bond Buyer.

Дента вратите во изолираната соба биле заклучени во 13:45. Во 13:50 вработените им поделиле на новинарите затворени пликови со новиот извештај. Во 13:58 телевизиските репортери биле испратени до балконот на кој што веќе биле наместени камерите, тие не смееле да зборуваат пред 14 часот. Репортерите од печатените медиуми неколку моменти пред 14 часот смееле да воспостават телефонска врска со своите редакции меѓутоа не смееле да разменат ниту еден збор со нив.

Згора на сето ова, сите новинари потпишуваат договор во кој се согласуваат дека нема да ги објават информациите пред соопштението од Федералните резерви.

И покрај целата анализа, генералниот заклучок на американските медиуми е дека не знаат како ова се случило.

25 септември 2013 - 16:48