Во 2001-ва Блумберг го добива првиот мандат, тогаш (според Форбс) неговото богатство се проценува на 16 милијарди долари. На последната топ 400 листа на Форбс, нето богатството на Блумберг брои 31 милијарда долари.
И покрај тоа што никој не ни помислува дека неговото богатството скокнало на грб на буџетот на градот, работата околу која треба да се замисли Блумберг е што богатството на неговата компанија спектакуларно се зголемило откако тој си заминал од првата позиција на Блумберг Л.П.
Според извештајот на Форбс, Блумберг само во последните 6 месеци направил 4 милијарди долари. Пред да стане градоначалник на човекот му требаа 68 години за да заработи 16 милијарди долари.
Иако Блумберг претходно даде ветување дека ќе даде најголем дел од своето богатство пред да умре, тој моментално заработува повеќе пари отколку што може да раздаде.