Бизнис

Запознајте го најзадолжениот човек на светот

Се вика Жером Кервиел и е поранешен финансиски трговец на Сосиете Женерал. Поранешен, заради тоа што некако помисли дека може да ја измами банката. Сега треба да врати сè до последна пара.

Кина извезува и пари

Над 600 милијарди долари се изнесени од Кина на црно, само во текот на 2011-та. Вкупно, од 2000. до 2011. сумата е цели 3700 милијарди долари.

Италијанците и позајмуваат пари на Италија

Марио Монти реши да воведе "патриотски обврзници" за спасување на земјата, со чие купување граѓаните директно ќе даваат пари за полнење на буџетот. И таман кога сите се спремија да го критикуваат, парите почнаа да доаѓаат.

Халал кредит

За да се ублажи табуто меѓу муслиманите чија вера забранува зеленашење, пуштена е Мастер кредитна картичка во која има вметнат компас кој на корисникот секогаш му ја покажува Мека, точниот правец на дневните молитви. Прајслес.

Корејскиот поп индекс

DI е среден по големина производител на полупроводници од Јужна Кореја, која без никакви промени во бизнис план, производство, технологија, маркетинг или менаџерски тим, во рок до 3 недели успеа да ја зголеми вредноста на своите акции за речиси 200%.

Крај на најмалата Кока-кола

Во САД се затвора и последната фабричка лента во земјата која полнеше Кока-кола во мали повратни шишиња. Главна причина - им ги крадат шишенцата.

Како Телефоника стана проблем на ЕУ

Во 2009-та Телефоника охрабрена од правата за продажба на Ајфон во неколку држави, објавува храбри предвидувања за идната заработка. Три години подоцна Телефоника е најзадолжената компанија во светот.

Како Обама, белгиските банкари и ЕУ го уништија Иран

Во рок од само една недела, иранската валута - риалот - изгуби 40% од својата вредност, што инстантно предизвика немири низ земјата. Еве како дојде до тоа.

ИКЕА испаднаа пуси

ИКЕА често знае да направи провокативна кампања. Ама, не сака во својот бренд да увезува туѓи провокации. 

Невработен студент Гугл сонува

Како најпосакувано место за вработување на студентите по бизнис, веќе четврта година по ред не е некоја инвестициска банка или консултантска компанија, туку е Гугл, а меѓу топ 4 компании на списокот само една е од финансиски сектор.

Не се враќа, не се плаќа

Весниците се обидуваат страшните загуби од стандардните хартиени формати да ги надополнат со приходи од интернет изданијата. Засега, тенко. За 25 долари изгубени на хартија успеваат да вратат само еден долар од интернет приходи.

Холивудска математика

Филмските студија имаат некоја магична математика по која филмови како Форест Гамп и Хари Потер имаат 0 долари профит, што пак значи дека нема потреба да им плаќаат на актерите.

Русите ги позлатиле адвокатите

Топ 100-те адвокатски фирми во Лондон минатата година имале профит од 6,8 милијарди евра, што е раст од 8%, и тоа во најголем дел благодарејќи на расположените руски олигарси.

Кој ја купува Америка?

Пазарот со недвижности во САД уште ги влече проблемите од хипотекарната криза. Меѓутоа, ова е проблем кој им пречи само на Американците, странците ни од далеку немаат проблем да купуваат недвижнини во земјата.

Што можеш да купиш со 1 акција на Епл

И официјално Епл стана највредната компанија на сите времиња откако акциите и пораснаа за 2,6% на рекордни 665,15 долари по акција, со што сега вреди неверојатни 621 милијарда долари.

Кого најмногу боли на бензиска?

Блумберг направи листа на цените на бензинот низ светот. Во Венецуела не е јасно како се исплати да имаш бензинска, во Норвешка веројатно со Бајадера те пречекуваат.

Валмарт-ленд

Поклопувајќи се со извештајот за заработувачката на Валмарт за последново тромесечје (нето приходи од 4,02 милијарди долари) посебна популарност доби една мапа за растот на Валмарт од 1962-ра до 2006-та. Плева!

Нема веќе "долче вита" во Италија

Колони камиони наполнети со половни Ферарија ја напуштаат Италија, откако се повеќе Италијанци се помирија дека убавиот живот заврши.

Колку чини златeн медал

Со минимум 6 грама злато и големо парче сребро, златeн медал e околу 450 фунти. Ама не беше тоа прашањето.

Бронза за Македонките

Конечно некаков светски резултат за кој може да се каже дека и ние сме помогнале: третото место на листата најбогати луѓе на светот штотуку го освои Аменсио Ортега, сопственикот на ланецот за облека Зара.

Првиот инвеститор во Гугл

Човекот што им ги даде првите пари на Брин и на Пејџ уште кога беа "студентарија," денес е на истото работно место на Универзитетот Станфорд како и денот кога им го потпиша чекот. Единствена разлика, многу, многу, пари.

Епл може да купи сè, и пак да му останат милијарди

Откако Њујорк Тајмс се истрча со информацијата дека Епл го купува Твитер (а не го купува), луѓето седнаа да пресметаат колку многу пари има Епл (бидејќи се знае дека има многу).

Фармвил опустошува

Ужасно лоши резултати на компанијата за игрици на социјалните платформи: акциите на Зинга паднаа за 40 проценти а загубите изнесуваат преку 100 милиони долари. Ваквиот берзантски пад болно го поукна и Фејсбук.

Ќарот на ситно

Авиокомпаниите минатата година заработиле 22,1 милијарда долари, и тоа од работи кои немаат врска со авионските карти.