Автомобили
Сачи и Сачи на Публицис работи со Тојота, додека Лео Бурнет (исто така на Публицис) работи на дел од маркетингот на Џенерал Моторс.
Од друга страна TBWA на Омником работи со Нисан (и Рено), додека Меркли + Партнерс го управува Мерцедес, а ДДБ е маркетинг агенцијата на Волксваген.
Телекомуникации
Веризон е еден од клиентите на Зенит на Публицис, а неговата сестра компанија Оптимедија го прави маркетинг закупот за Т-Мобиле. Публицис како компанија е главна за креативата на Т-Мобиле, додека Лео Бурнет и Дигитас, заедно работат реклами за Спринт.
BBDO на Омником ја има главната креативна улога во рекламите на АТ&Т.
Пијалоци
Во 2001-ва Пепси ја промени својата маркетинг агенција откако таа беше купена од истата компанија што го поседува МекКен Ериксон, една од главните агенции на Кока Кола. Во тоа време Пепси одлучи во Омником да пресели 350 милиони долари вреден дел од својот бизнис.
Денес Кока-кола ја опслужуваат Лео Бурнет за креатива и СтаркомМедиаВест за медиумски закуп и планирање, и двете компании на Публицис. Во исто време, Пепси планира да работи со TBWA и уште некои агенции што се под Омником.
И двете компании одбиле да го коментираат спојувањето.
Храна
Мекдоналдс веќе работи со двете компании. Тие за креатива ги имаат ангажирано Лео Бурнет на Публицис и DDB и TBWA на Омником. Додека OMD (од Омником) прави медиумски закуп за нив.
Во исто време Публицис има долгогодишна соработка со Yum Brands, сопственикот на КФЦ, Пица Хат и Тако Бел.
Пиво
Милер Корс (Милер) го има ангажирано Сачи и Сачи (Публицис) за работа на Милер Лајт, додека Анхаусер - Буш Ин Бев (Бад) работи со BBDO (Омником) на креативата за Бад Лајт.