Бројките доаѓаат од инвестициската банка УБС, чии испитаници имале меѓу 1 и 5 милиони долари во имот што можат да го инвестираат.
Правејќи дополнителна споредба меѓу лица со од 1 до 5 милиони долари и оние со над 5 милиони, само 62% од првата и 64% од втората група се чувствуваат доволно самоуверено дека ќе успеат да ги постигнат своите цели.
Најголем проблем на милионерите се трошоците поврзани со нивното ниво на богатство. Дури 80% од испитаните богаташи изјавиле дека тие обезбедуваат финансиска поддршка за своите возрасни деца, внуци или родители кои се во поодминати години. На сето ова, тука е и притисокот од споредувањето со другите што се во твојот круг.
"Во Њујорк не значи ништо ако си доволно богат за да поседуваш имот од 5 милиони долари, бидејќи си опкружен со луѓе кои можат да те купат и продадат со заработувачката од само 2 часа. Секогаш има луѓе околу тебе кои имаат повеќе. Исто така, да имаш 5 милиони долари во Ајова, е многу поразлично отколку да имаш 5 милиони во Њујорк или Силициумската долина или Сиетл," објаснува добитникот на Пулицер, Дејвид Кеј Џонстон.
Една од работите која ги смирува инвеститорите и која прави тие да се чувствуваат поопуштено е чувањето на значителни количини на готовина. Во просек тие чуваат околу 20% од својот имот во готови пари.
Меѓу гајлињата на богаташите е долгорочната грижа и финансиите на нивните деца и внуци.