Субрата од Јута

Неколку локали од градот Огден во Јута, деновиве пријавиле дека некој почнал да им остава бакшиш од по неколку илјади долари.

Непознатиот маж во бар во градот прво оставил бакшиш од 5.000 долари за сметка од 215 долари. Следната вечер келнерите добиле 1.000 долари бакшиш за сметка од 49 долари (бакшишот го поделиле тројца шанкери и еден келнер).

Бакшишот бил толку голем што келнерите дури и го препрашале гостинот да не е грешка во прашање.

Истиот маж се верува дека оставил бакшиш од 1.000 долари на девојката што разнесува пиво на локалниот терен за голф.

23 август 2013 - 15:35