Глупо е, може да успее

Некој се клади дека следниот интернет хит ќе биде гледање како другите играат игрици. И тоа се клади во 20 милиони долари.

Веста од инвеститорскиот свет гласи: Twitch собра 20 милиони вредна инвестиција предводена од Thrive Capital.

За оние што не знаат, Твич е видео стриминг сервис, специјализиран за интернет пренос на гејминг сесии до сите оние што сакаат да го гледаат тоа.

"Парите ќе се искористат за понатамошна експанзија на продажбата и инфраструктурата", се наведува во штурото соопштение.

Формиран во 2011-та, Твич е специфичен дел од поголемата стриминг платформа Justin.tv, специјализиран за пренесување на играње игрици. Месечно има 45 милиони посетители.

Ако уште не ви е најјасно што таму се случува, избор од најгледаните моменти:

 

1 октомври 2013 - 12:06