Бизнис

Венецуела нарача 71 тон хартија за да ја печати една од најбезвредните валути на планетава

Политичка криза, санкции и други драми предизвикаа историска девалвација на венецуелската валута, боливар. Како една од мерките што ги презема тамошната влада е воведување на нова банкнота со најголема вредност до сега од 100.000 боливари.

Остана ли нешто злато?

Во време кога златото достигна историски рекордни цени (минатиот месец беше над 2.000 долари за унца) на луѓе почна да им текнува дека златото, на страна сите карактеристики што ги има, исто така е и ограничен ресурс кој еден ден ќе се потроши.

Икеа отвора Икеа на старо

Намерата на Икеа е да го намали количеството на отпад што го создава (а во меѓувреме и да заработи нешто), и за почеток тоа би требало да биде преку поправање и препродажба на свои стари производи.

Нема пари што банки ќе одбијат да ги исперат

Геноцидни нарко-картели, терористички организации, обични криминалци, пирамидални измами, олигарси под глобални санкции и сите останати, изволте 24/7.

Хрватски Римац го купува Бугати?

Фолксваген размислува комплетно да го продаде Бугати како би му го продолжил животниот век на производителот на суперавтомобили во добата на сè електрично. Намерата е Бугати да се вдоми кај хрватскиот производител на електрични автомобили Римац.

Тарифите на Трамп го оставија Луј Витон без Тифани

Луј Витон Моет Хенеси (ЛВМХ) има намера да ја купи Тифани енд ко. за околу 18,5 милијарди долари. Неколку одлуки на Трамп подоцна плус пандемија и Тифани поднесе тужба против ЛВМХ за повлекување од договорот.

Елон Маск сега е побогат од Закерберг

Маск е третиот по богатство човек на светот, симнувајќи го Закерберг на четврто место и набивајќи разлика од околу 5 милијарди долари (115 милијарди) пред богатството на основачот на Фејсбук (110 милијарди).

Доу Џонс го отстранува својот најстар член

Од следната недела, на влијателниот индекс кој се смета за кардиограм на американската економија ќе го нема Ексон Мобил кој е таму од пред 90-тина години. Од енергетските компании кои некогаш беа р'бет на економскиот организам на САД, на листата останува само уште Шеврон. 

Ковид за некои е 19 а за некои (блек џек) 21

Не сите страдаат затоа што светот е затворен (кога ќе ви кажат дека "во оваа битка сите сме заедно“, потсетете ги кој успеа да си ги подигне парите пред да пропадне банката на Трифун). Да, економиите се зипуваат, милиони луѓе остануваат без работа, на минималец и со неизвесна иднина, ама затоа на оној мал процент, најмрсните од најмрсните, ковид-19 им дојде како џокер.

Од сè што можеше да снема, на Јапонија и снемаа бројки за кредитни картички

Ковид-19 во комбинација со постојната кампања за безготовинско плаќање ја исцрпија јапонската резерва на слободни 16-цифрени бројки за кредитни картички, па сега компаниите размислуваат за додавање на 17 бројка.

Вадењето нафта станува ризичен бизнис

Нафтените компании изгледа полека ќе ја баталат нафтата. Комбинација на мала потрошувачка и миграцијата кон обновливи извори на енергија, ја прават потрагата по нафтени резерви прескапа. А тие компании не пијат нафта.

Кувајт нема пари за плати. Кувајт.

Моментално сме август, а државата нема пари да исплати плати по октомври, и тоа државата не е која било, туку Кувајт.

Епл и Гугл ја спукаа со Фортнајт

Една од најпопуларните видео игри е збришана од продавниците за апликации на Епл и на Гугл, не заради некаква грижа за здравјето на децата или идентитетско-прогресивна агенда на двата гиганти, туку чисто заради пари.

250 милијарди долари „социјално“ за 4 месеци за американските работници

Програмата во која невработените Американци добиваа дополнителни 600 долари неделно стартуваше на почетокот од април, траеше до крајот на јули и чинеше 250 милијарди долари.

Епл бара кратење на кириите за 50% за да ја истрпи пандемијата

Еден податок за Епл од пред неколку дена: вредноста на компанијата на берза за еден ден порасна за 170 милијарди долари, што е повеќе од БДП-то на Унгарија; а кога само ова еднодневно покачување би излегло на берза тоа би било 33-та по големина компанија на S&P500 индексот. Имајќи го сето ова предвид, Епл бара да му ги намалат кириите за дуќаните.

Ќе испрси ли Микрософт 200 милијарди долари за ТикТок?

САД е земја во која попрво ќе се забрани некоја апликација отколку да се забрани секоја будала да поседува полу-автоматска пушка. Со тој факт во моментов се соочува ТикТок кому Трамп му е намерачен да го забрани. Но, на повидок е бел витез со многу пари.

САД го имаат најголемиот пад на својот БДП во историјата

Пандемијата на Ковид-19 го предизвика најжестокото економско невреме во поновата историја на САД. БДП во вториот квартал од оваа година бележи пад од преку 30%.

Уметност и уметност на перење пари

Ај што главно никој не знае кој ги купува уметничките дела за суми од десетици милиони евра, ама па и парите што доаѓаат главно никој не знае од каде доаѓаат, едноставно се појавуваат во системот.

Безос, Закерберг и Маск годинава имаат заработено 115 милијарди долари

Годинава моментално е на неколку денови пред почеток на август.

Сите имаат маркетинг буџет, па и Амазон

Само на Амазон е речиси 7 милијарди долари годишно.

Кина пријави економски раст

Додека Меѓународниот монетарен фонд порачува дека глобалните економски последици ќе бидат полоши отколку што се предвидуваше, Кина пријави економски раст од преку три проценти. 

Богаташи: Аман, оданочете нè!

Навидум чудните барања на дел од ултра богатите луѓе за дополнително оданочување на нивните мега богатства се објаснуваат со филантропски побуди и пандемиски ургентности. Но, еден супер -богат човек деновиве беше прилично искрен во интервју за радио ББЦ: Подобро сега да нè оданочат отколку сето ова глобално вриење да заврши со некоја револуција во која ќе ни ги земат сите пари.

Фејсбук е преголем за да падне

Македонските политички партии веројатно се единствените кои не чуле дека Фејсбук во овој период масовно е бојкотиран од сериозни адвертајзинг тешкаши заради толерирањето на говорот на омразата. Тоа што устите и паролите им беа полни со подрршка за македонското и домашното, не им пречеше да истурат вагон пари во реклами и спонзорирани постови на платформата на Закерберг. Но, сега друго е муабетот.

Германските проститутки се жалат дека веќе не се додржува без работа

Отворање на борделите во Германија кои беа затворени како мерка против ковид-19, беше барањето на протестот во црвената зона во Хамбург одржан од сексуалните работнички кои таму го вадат лебот.