
Земјата веќе има купено 71 тон специјална безбедносна хартија за печатење пари од италијанскиот производител Федригони за новите банкноти кои ќе почнуваат со 100.000 боливари. Курсот на боливарот е 100.000 боливари за некаде околу 10 денари (или 23 долар центи).
Новата стоилјадарка се смета за почеток и тамошната Народна банка веќе размислува за воведување на поголеми деноминации.
Ова ќе биде последна пратка на хартија од Федригони, бидејќи со нејзе се исполнува договорот потпишан во 2018, пред Народната банка на земјата да биде санкционирана од САД.
Економијата на Венецуела е 7-ма година по ред во рецесија и прогнозите се дека таа годинава ќе се намали за дополнителни 20%.