Прва се разболе, прва оздраве

Кина пријави економски раст

Додека Меѓународниот монетарен фонд порачува дека глобалните економски последици ќе бидат полоши отколку што се предвидуваше, Кина пријави економски раст од преку три проценти. 

Во вториот квартал на оваа година, кинеската економија е за 3,2% поголема од истиот период лани. Тоа е податок кој немаше да предизвика никакво внимание доколку се случеше во нормални околности, онакви какви што сегашните не се. Во случајов, ова е вест бидејќи тоа е првата голема економија која се враќа на патеката на растот, од почетокот на пандемијата.

На здравствен план, Кина нема забележано нова локална трансмисија на ковид-19 десет дена по ред.

„Кинеската економија ги преброди опасностите од епидемијата во првата половина на годината и постигна моментум за постепено опоравување и раст,“ пишува Вол стрит Журнал кој предвидува дека 2010-та Кина ќе ја заврши со економска позитива од околу 2,5%.

Малку подолгорочно, нејзина најбитна кочница за економски раст може да биде хаосот во САД кои се нејзина главна извозна дестинација. Подолгорочна рецесија таму ќе ја доведе целата светска економија во состојба на парализа, пишува магазинот.

ММФ пред некој ден ги ревидираше проценките кои се полоши од оние кои ги направи пред само 10 недели. По најново, 2020 ќе заврши со економски пад од 5% додека некои економии како што е британската, ќе лизнат надолу и за 10%.

16 јули 2020 - 16:41