Сите имаат маркетинг буџет, па и Амазон

Само на Амазон е речиси 7 милијарди долари годишно.

Пред околу 10 години Џеф Безос триумфално порача „рекламирањето е цената што ја плаќаш за имање невпечатлив производ или сервис“. Лани, Амазон потрошил 6,879 милијарди долари на реклами само во САД.

Минатата година Безос исто така призна дека „се премислил“ околу тоа што го кажа за рекламирањето, а уште една голема разлика е што Амазон сега има стотици сопствени производи што ги продава од паметни звучници, читачи на книги, до додатоци за телевизор.

Бројките се собрани од агенцијата Кантар, и според нив топ 10-те компании што најмногу потрошиле на рекламирање во 2019 во САД, завршуваат со 2,95 милијарди на Генерал моторс.

Од прво, до десетто место (во милијарди долари):

- Amazon: 6,879

- Comcast Corp.: 6,142

- AT&T: 5,484

- Procter & Gamble: 4,281

- Walt Disney Co.: 3,154

- Alphabet (Google): 3,130

- Verizon: 3,071

- Charter Communications: 3,044

- American Express: 2,990

- General Motors Co.: 2,952

22 јули 2020 - 12:37