САД го имаат најголемиот пад на својот БДП во историјата

Пандемијата на Ковид-19 го предизвика најжестокото економско невреме во поновата историја на САД. БДП во вториот квартал од оваа година бележи пад од преку 30%.

Бруто домашниот производ кој е најзначајниот симптоматски показател на економските активности во една земја, во вториот квартал од 2020 година е помал за 32,9 проценти. Падот во тие три месеци (април, мај и јуни) е три пати полош од досегашниот црн рекорд од 1958 година кога изнесувал 10%.

Во јуни, економијата покажувала скромни знаци на заживување но тие најверојатно ќе бидат анулирани со новите бранови на заразени.

Минатата недела како невработени се пријавиле нови 1,43 милиони лица, 12.000 повеќе од претходната недела која пак била полоша од таа пред неа.

„Страшно,“ вели главниот економист во ИХС Маркит, Нариман Бехравеш. „Вакво нешто немаме видено.“

Зад падот на американскиот БДП стои намалувањето на потрошувачката која е крвоток на американската економија. Урнисувањето ќе беше уште подраматично да не беа рекордните интервенции од федералната влада.

31 јули 2020 - 09:46