Ли Џае-Јонг стави крај на династијата што три генерации управуваше со глобалниот конгломерат, и ова не му е некој изблик на незадоволство, туку одамна го мислел ова како правилен потег.
По само неколку месеци паника околу коронавирус и нарушување на глобалното снабдување, сигурноста на производството стана поважна отколку ефикасноста на производството, односно на никого не му вреди што нешто е поевтино и побрзо произведено во Кина, ако тоа не може да го донесе дома.
Тримесечјето составено од јануари, февруари и март 2020, на Амазон му донесе приходи од 75 милијарди долари. Како се заработуваат 75 милијарди долари за 3 месеци? Макотрпно, со по 33 милиони долари на час, и така секој ден, три месеци.
Следната недела како што владата постепено ќе почне да ги укинува ограничувањата воведени заради коронавирусот, така постепено ќе почнат да се отвораат и хотелите низ земјата, објаснува грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис.
Една од предложените мерки за социјално дистанцирање е отстранување на средното седиште од авионите во колоните каде што има три во ред. Доколку се направи ова, математиката на Рајанер станува невозможна.
Дури и кога по неколку милиони Американци неделно завршуваат на Завод за вработување, нето вредноста на најбогатите Американци упорно и незапирливо расте, па за сега богатството им е на 10% плус во споредба со почетокот на март.
Бидејќи имаат повеќе нафта отколку што имаат капацитети за складирање, производителите на нафта од САД се присилени да плаќаат пари за да се ослободат од вишокот нафта со кој располагаат. Моменталната цена на нафтата е - 2 (минус два) долара за барел.
Јапонија ќе даде милијарди за јапонските компании да се вратат дома од Кина. Германија пак ќе даде се од себе за Кинези да не се појават пред вратите на германските компании.
Над 1.000 холандски компании се приклучија кон планот за купување масовни количини холандски цвеќиња за да ја спасат тамошната цвеќарска индустрија. Што ќе прават на толку цвеќиња? Ќе ги делат по улица.
Процените се дека САД кварталов ќе го завршат со намалување на БДП-то за 24%, и невработеност од 41%, што е 4 пати повеќе отколку во време на Големата рецесија. Како што докторите гинат да ги спасат пациентите, така овие задолжени за пари се решаваат на досега незамисливи мерки, само епидемијата да не заврши со комплетен крах на економијата.
Каков маестрален прц! ни направи матриксов наречен живот, тоа е чудо едно. Денеска имаме работи кои до вчера ги сонувавме, ама, џабе ни се. Водзухор никогап почист ама забрана за движење. Нафтата никогаш поефтина ама за каде да натанкаш резервоар?
Претстојниот период ќе бидеме сведоци на формирање и подем на две, првично маргинални, групи на граѓани: газди што сакаат по секоја цена сите да се вратат на работа, и просветлени граѓани кои доживеале епифанија дека ковид-19 е само голема завера. Ај сега за првиве.
Американскиот Сенат го изгласа финансискиот пакет за спас на економијата на земјата кој изнесува некаде околу 10% од вкупниот БДП на САД. И покрај баснословната сума очекувањата се дека ќе треба уште.
Хрбра и скапа одлука: данската држава го презема главниот товар на економската криза предизвикана од пандемијата. На приватните компании ќе им ги покрива платите на оние вработени кои би биле отпуштени. Пакетот нуди уште ред други кризни повластици, и за луѓе и за компании. Не скапа, прескапа е таа одлука, но Данците проценуваат дека сепак ќе биде поевтино сега да се спречи економијата да се распадне отколку после да се гради одново.
Вработените кои се ангажирани на час и моментално „на свои плеќи“ ги држат маркетите на Волмарт отворени и функционални ќе добијат специјални бонуси во вкупен износ од 550 милиони долари, а како поддршка за нив најголемиот ланец супермаркети ќе ангажира и дополнителни 150.000 вработени кои треба да помогнат во напливот купувачи предизвикан од паниката околу коронавирусот.
Парите ќе биде искористени за откупување на долгот на државите и компаниите од еврозоната, вклучувајќи ги и проблематичните Грција и Италија. При објавувањето Кристин Лагард на Твитер напиша дека „нема граници“ за посветеноста на ЕЦБ во поддршка на еврото. Ова „нема граници“ беше посебно благопријатно дочекано од европските берзи.
Француската влада во петокот побара од компаниите да помогнат во надополнување на недостатокот на гелови за дезинфекција неопходни за тамошните доктори и медицински персонал. 72 часа подоцна фабриката за парфеми на Диор е пренаменета и го произведува првото шише средство за дезинфицирање.
По двете авионски несреќи (во рок од неколку месеци) Боинг ги впрегна сите пари и политичко влијание што ги имаше на располагање за прво да ја заташка целата работа, па потоа да ја релативизира. И на крај само ги направи работите крајно полоши.
Банката на Англија ги симна и онака ниските камати на кредити од 0,75% на 0,25% со цел поддршка на економијата сред корона вирусот, што е најниско ниво во историјата.
Вишокот електрична енергија е еден од најнепрофитабилните и општо расипнички дел од работењето на електро-централите, барем додека не ти текне да почнеш да редиш компјутери и да копаш криптовалути.
Во период кога е во мртва трка со вирусот околу тоа кој ќе биде попрепознатлив под името „Корона“, производителот на Корона реши сè ова што се случува околу називот на својот производ да го истрпи со молчење.