Старбакс ќе паузира рекламирање на сите социјални мрежи

Најпознатиот светски бренд за кафиња не само што ќе го бојкотира Фејсбук со реклами, туку истото им следува и на сите останати социјални мрежи што се во оптек. Пред некој ден и Кока-кола глобално ги стави на пауза рекламите на социјални мрежи.

Освен прекинот со рекламирање на социјалните мрежи, Старбакс вети дека „ќе има внатрешна дискусија како и разговори со медиумските партнери и со организациите за граѓански права, за да се спречи говорот на омразата.“

И покрај запирањето на рекламирањето на Фејсбук, Старбакс нема да се приклучи на #StopHateForProfit кампањата, во која повеќе од 100 големи огласувачи објавија дека го прекинуваат рекламирањето на Фејсбук.

Учесниците во оваа кампања бараат од Фејсбук да биде построг во контролата на говорот на омраза и ширењето дезинформации.

Минатата година Фејсбук имаше приходи од 69,7 милијарди долари од милиони огласувачи низ целиот свет.

29 јуни 2020 - 10:17