Ценети богаташи, за само 500.000 долари вашето богатство ќе биде безбедно

Во сеф. Исклесан во камен. На Алпите. Во Швајцарија. Што побезбедно од тоа? И сето ова по акциска цена од половина милион долари.

Проектот е планиран за делот од Алпите на околу 50 километри југозападно од Луцерн, а се промовира како „Ваша кутија за богатство во камен масив“.

Компанијата зад ова, Бруинг мега сеф АГ, планира да зафати пространство во планината со површина од 10 фудбалски игралишта, притоа споменувајќи „ама можеме и да го зголемиме просторот ако затреба.“

Почетниот пакет е за сеф од 100 кубни метри, па потоа расте колку што треба, до максимална висина од 90 метри. Камените ѕидови обезбедуваат релативна влажност од 40% и температура од 12 степени Целзиусови. Цената за почетниот пакет е 500.000 долари.

Обемноста на комплексот дозволува складирање на уметнички дела, злато, сертификати за акции, па и автомобили. До секој од сефовите е обезбеден пристап што собира камион.

Понудата е придружена со ветување за безбедност сред глобалната нестабилност предизвикана од пандемијата и граѓанските немири низ светот. Привлечноста на овие сефови, наспроти банкарските сметки, е што банките веќе некое време имаат воведено негативни камати за чување пари.

На компанијата за сега и се потребни околу 7,5 милиони долари од првите муштерии за да почне со изградба. Работата на проектот е закажана да започне на почетокот од следната година, првите сефови треба да бидат достапни 18 месеци подоцна.

10 јули 2020 - 10:55