Не само што изјавил дека „сите овие огласувачи ќе се вратат на платформата многу брзо“ туку придонесе и враќањето да биде уште поболно (и со понаведната глава) за нив, порачувајќи:
„Ние нема да ги промениме нашите политики или пристап кон што било врз основа на закани за мал процент од нашите приходи“.
Посебна тежина дава тоа што бојкотот не е од локални гранапи или занаетчии, туку од неброени пари вредни компании како: Кока-кола, Пепси, Старбакс, Унилевер, Микрософт и уште 595 други.
Коментарите се дадени за време на состанок, па некако протекуваат до медиумите, меѓутоа од Фејсбук не ги негираат и изјавуваат дека тие се точни.
На истиот состанок Закерберг им објаснил на колегите дека целиот бојкот повеќе создава „репутациски и партнерски проблем“ отколку финансиски.