Според Блумберг, Безос моментално вреди 172 милијарди долари, што е нов рекорд и за Безос, а за оваа година раст од 54% бележи и богатството на Меккензи (или плус 20 милијарди), која денес вреди 57 милијарди долари, со што таа стана 13-от најбогат човек на светот.
И покрај пошироко портфолио, богатството на Безос е врзано со Амазон чија вредност на акциите не може да се запре да расте на берза, а компанијата не може да престане да прави пари, и за една година од денес, имаше раст од 56%.
Безос пред разводот имаше 16% од Амазон, од кои 4% и припаднаа на Меккензи, меѓутоа таа сепак реши да му остави на својот поранешен сопруг да управува со акциите.