Во периодот до средната антика, Европа е просторот околу Медитеранот, и тоа делот што денес го сметаме за Европа и делот на Северна Африка, која во тоа време е подеднакво центар на христијанството како Италија или Грција. Со напредокот на Исламот во 7-от и 8-от век, христијанството се повлекува и се барикадира на оваа страна од Медитеранот, со што ја добиваме денешната дефиниција на Европа.