Беше интересно да се видат републиканци на купче како ред се редат со осуда на Трамп, откако рече дека на муслиманите треба да им се забрани влез во САД. Освен неговите противници за номинација, во фронтот против него застанаа и влијателни Републиканци како Дик Чејни и спикерот Пол Рајан.
"Како на конзервативец кој искрено држи до религиозната слобода, од лошата идеја и реторика на Доналд Трамп ме полазија морници по р'бетот", изјави лидерот на републиканците од Јужна Каролина, клучна држава во тн. примарно гласање за претседател.
Со таков говор се проценува дека Трамп обезбедува 33% од гласовите на републиканците кои ги има околу 40% во САД.
Сè на сè 13% од гласачите во САД.
Значи, може тој да победи на примарните избори за номинација на републиканската партија, меѓутоа скоро невозможно е да ги добие изборите за претседател. Башка, попат ќе ѝ нанесе огромна политичка штета на партијата. Можеби е време републиканците да го шутнат, но проблематично со целата работа е прашањето кого ќе стават за претседателски кандидат?
Ако такво сценарио се оствари, Трамп најверојатно ќе се кандидира како независен, и ќе земе доста гласови од републиканците. Тоа ќе значи сигурна победа на Хилари (која на многу "демократски" начин е фаворизирана во нејзината партија, па како реакција на тоа можни се изненадувања со Берни Сандерс),
Кој е крив за оваа ситуација со Републиканците? Според Бостон Глоуб, самите тие заради нивното флертување со екстремизмот.
Од друга страна, на почетокот на кампањата за номинација на Демократската партија, Берни Сандерс беше третиран како лузер. Беше тема на заебанции на либералните медиуми, вклучувајќи ги Фалон и Колбер.
Демократската партија очигледно ја фаворизираше Хилари. Сепак, анкетите покажуваат дека не е сè така сјајно за неа. Либералните медиуми правовремено реагираа на успехот на Берни. Медиумите во САД не се државни, ниту нешто особено регулирани, и иако се релативно доста партиски определени, очигледно се независни и не следат само еден кандидат или партиска врхушка како онаа на Хилари, и покрај нејзината огромната влијателност и политичка моќ.
Берни се појави кај Фалон, и со избрани зборови се изјасни за Трамп и неговите срања.
Трката за претседател на САД станува супер интересна.
- Доналд Трамп уште од почетокот почна да води во републиканската трка
- Во демократскиот камп Хилари Клинтон се смета за сериозен фаворит за номинација.
- Сенаторот од Флорида Марко Рубио изгуби дел од десничарските симпатии по поддршката на пакетот имиграциски реформи.
- Пензионираниот неврохирург Бен Карсон за кратко стана лидер во трката но последниве недели ја изгуби позицијата.
- Поранешниот гувернер Џеб Буш не стои добро, и покрај своето звучно презиме.
- Берни Сандерс и натаму привлекува фрапантен број посетители на своите настапи.
* јавна благодарност до Илија за драгоцените инфо хинтови пратени по меил :)