Заради спречување на експлоатацијата на богатите врз сиромашните Исламот го забранува позајмувањето пари за камати. Од друга страна, 1,6-те милијарди муслимани ширум светот се сосема привлечна клиентела па државната Ал Хилал банка од Обединетите Арапски Емирати извади Мастер картичка која освен компасот има и други предности за верниците. Со неа доаѓаат и травелерс чекови за одење на аџилак во Мека a дел од потрошените пари се уплаќаат за локални хуманитарни цели.
Операторите со кредитни картички во тој дел од светот често пати ја избегнуваат верската забрана за кредитирање така што наплаќаат паушал наместо камати.
Сепак, банкарската муслиманска индустрија е огромна и има над 500 фирми и фондови чие работење е доведено во согласност со шеријатските правила.