Една ко ниедна, две ко пет

Британски милионер муслиман има отворено дејтинг сајт кој на мажи им помага да ја најдат својата втора или трета жена. Се регистрирале над 35.000 Британци. 

Бигамија е кога имаш една жена вишок. Моногамија - исто.

непознат страдалник

Претприемачот Азад Чаивала вели дека го отворил SecondWife.com за меѓу муслиманите да ја охрабрува "верноста, моралноста и традиционалните семејни вредности". Сајтот постои пар години а неговиот успех го натерало да отвори сличен сајт за луѓе и од други вери кој се вика Polygamy.com.

Чаивала и самиот е женет и планира неговата втора сопруга да ја бира од новиот сајт кој бил особено популарен меѓу жените.

Бигамијата во Велика Британија е забранета и се казнува со затвор до 7 години но Чаивала потсетува на исламските закони кои дозволуваат маж да има до 4 жени сè додека тие се согласуваат на таквиот аранжман. Знае дека тоа не секогаш оди мазно со оглед на тоа што и меѓу жените на прокорот Мухамед доаѓало до кавги и љубоморни изливи.

Чаивала потсетува и дека Мухамед само го ограничил бројот на сопруги и дека до пред 200 години, вазали во Британија имале и по 7-8 жени.

Бизнисменот од Лечестер кој својот прв милион го заработил на 21 годишна возраст потсетува дека ова не е за секого тоест дека е само за оние кои физички и финансиски ( и евентуално нервно), можат да си дозволат да имаат повеќе жени.

22 јуни 2016 - 08:51