Роден сум како Луи Алсиндор. Сега сум Карим Абдул-Џабар.
Преминот од Луи во Карим не беше само пука промена на брендот на славната личност како Шон Комбс во Паф Деди, па во П. Диди, туку трансформација на срцето, умот и душата. Некогаш бев Луи Алсиндор, блед одраз на тоа што белата Америка го очекуваше од мене.
Преминот од една во друга вера за мнозинството луѓе е приватна работа, која бара интензивно преиспитување на совеста. Но кога сте познати, тоа станува јавен спектакл за кој сите зборуваат. Иако станав муслиман пред повеќе од 40 години, јас и натаму го бранам тој избор.
Со Исламот се запознав како бруцош на Универзитетот УЦЛА. Иако веќе стекнав слава во државата како кошаркар, силно се трудев да ја задржам приватноста. Славата ме правеше нервозен. Бев уште млад, па не можев со зборови да искажам зошто се чувствував срамежлив во центарот на вниманието
Воздржан бев и поради тоа што чувствував дека јавноста слави некоја личност која што не сум јас. Не само што имав вообичаени тинејџерски проблем, туку играв и за најдобриот факултетски кошаркарски тим во државата а притоа и студирав. На тоа ставете и дека бев црнец во Америка во 1966. и 1967. година кога Џејмс Мередит е нападнат од заседа додека маршираше во Мисисипи, кога се основаше Партијата на црните пантери.
Многу ме погодија и расните немири во Детроит, кога страдаа 43 лица, повредени беа 1.189 а уништени беа повеќе од 2.000 згради.
Сфатив дека Луи Алсиндор за кого навиваат сите не е човекот што го замислуваат. Тие сакаа јас да бидам недвосмислен пример на расна еднаквост, да бидам пример дека било кој од било каде, без оглед на расата и религијата може да го оствари американскиот сон.
„Добрите“ црнци во тоа време беа среќни забавувачи во шоу бизнисот или во спортот и од нив се очекуваше да искажат благодарност затоа што имале среќа. Моето почетно будење беше последица на читањето на автобиографијата на Малком Х додека бев бруцош. Вниманието ми го привлече приказната на Малком за тоа како сфатил дека е жртва на институционален расизам уште пред да падне во затвор.
Првата работа која што Малком ја направил е оставање на христијанската религија. Неговото семејство било мета на напад на Кју Клукс Кланот, а домот им го запалила групата Црна легија, огранок на ККК.
Почнав да го проучувам Куранот и таа одлука ме одведе на неповратен пат кон духовното исполнување. Но тој пат не беше без пречки. На тој пат правев сериозни грешки.
Некои навивачи многу лично ја сфатија мојата промена, делуваше како да сум им бомбардирал црква додека го кинам американското знаме. Јас едноставно ја прифатив религијата која беше дел од моето наследство како црн Африканец.
Моите родители не беа строги католици, ме израснаа да верувам во Христијанството како света вистина. Иако сфаќам дека голем број христијани ги ризикувале своите и животите на своите семејства во борба против ропството, тешко можам да се поврзам со културните институции кои одлучија да затворат очи пред одвратното однесување со кои се кршеа човекови права.
Познато е дека жабата Кермит еднаш се пожали и кажа: „Не е лесно да се биде зелен“. Нека се обиде Кермит да биде муслиман во Америка. Според анкетата која што ја спроведе истражувачкиот центар Пју за ставовите кон главните верски групи, американската јавност најмалку обзир има кон муслиманите, нешто помалку кон атеистите, иако Исламот е на трето место по бројот на припадници.
Дел од мојот премин во Исламот е прифаќање на одговорноста да ги подучувам другите за својата религија, а не да им го наметнувам својот став. Да живеам со нив во меѓусебно почитување, разбирање и мир. Еден свет не мора да подразбира една религија, туку само една верба во живот во мир.
Карим Абдул-Џабар.
Извор: Ал Џазеира Балканс