„Јас ѝ сошив облека која што ги покрива рацете и нозете и тоа ѝ овозможи да се натпреварува без да мора да ја смени верата“, вели мајката на Ибтихаџ.
Од таа причина таа и родителите се заинтересирале за мечување, спорт во кој телото и лицето на спортистот се потполно затворени. Тогаш во Њу Џерси (тамо Мухамед се родила), мечувањето бил спорт претежно за белци.
„Кога учествував на турнирите, често слушав како некој зборуваше за тоа дека сум црна или дека сум муслиманка. Беше навистина болно и тешко“, се сеќава Ибтихаџ.
Во едно од бројните интервјуа, Ибти се нарекува себе сестрана личност. Исто така вели дека има агресивен карактер, а некогашниот тренер раскажува дека кога Мухамед ќе загуби, подобро да се тргнете од неа.
„Во мечувањето е најважно да сте супер одлучен и ниту во еден момент да нема сомневање“, додава Ибтихаџ.
По завршувањето на средното училиште, Ибти прво добила спортска стипендија на Дјук Универзитетот, а три години подоцна стигнала дури и до репрезентацијата на САД во мечување. Во 2013. година освојува сребро на Светското првенство, а во 2014. година злато.
На Олимписките Игри во Рио, Ибтихаџ Мухамед допатувала како втора мечувачка во САД и осма во светот. Во женското мечување во Рио триумфираше руската селекција. Во полуфиналето Русинките го победија тимот на САД, но Ибти на крајот освои бронзен медал. Во поединечно натпреварување, Американката испадна во втората рунда.
Но на Мухамед и нејзините навивачи најважно им беше што таа стана првата спортистка во историјата на Олимписката репрезентација на САД која што настапувала во хиџаб и освоила медал. Маската за мечување се става над хиџабот и од таа причина успехот на Ибти е уште поголем.
„Често ме прашуваат за хиџабот. Од типот на: Зарем не ти е претопло во него? Но хиџабот се носи и со кошула и со панталони дури и во претопли денови. Од дома не излегувам без хиџабот. Во САД жените не се присилени да го носат, ова е моја свесна и самостојна одлука“, вели Ибтихаџ.
Пред неколку месеци Мухамед твитнала приказна за тоа како на големиот американски фестивал на современата култура South by Southwest, каде што таа била најавена како говорник, од неа побарале да го соблече хиџабот (организаторите подоцна и се извиниле). Еднаш раскажала како некој маж на улица ја прашал кога ќе разнесе нешто со експлозија.
Сепак Мухамед вели дека е среќна што има можност да се бори против стереотипите и заблудите за исламот: „Ако можам да бидам извор на инспирација не само за младите муслимани, туку и за сите деца на кои им зборувале дека се за друго место и не ги сакале, ако можам да ги инспирирам жените да бидат поактивни, тогаш се е во ред“, вели Ибтихаџ Мухамед.
Пред Олимпијадата во Рио, Американците ја изгласале Ибтихаџ за втор претендент за носење на американското знаме на церемонијата на отворањето на Игрите, зад Мајкл Фелпс кој го носеше знамето.
Ибтихаџ Мухамед можеби не е најдобра мечувачка на светот, но таа е уверена дека нејзината спортска кариера и медалите не се залудни, затоа што вели дека често и се обраќаат за помош и и пишуваат муслимани кои сакаат да ги запишат децата на некој спорт, но се плашат дека друштвото нема да ги прифати. За сите нив, таа има една порака:
„Нормално е да се носи хиџаб и да се занимаваш со спорт“.