Таг: гугл

Глесхол, или шупак со Гугл наочари

Гугл наочарите уште официјално не се ни пуштени во продажба, а урбаниот речник веќе се збогати со нов збор - Glasshole, или шупак со (Гугл) наочари. Материјал за лингвистите, но и за социолозите и психолозите. 

Гугл го купува Whatsapp за 1 милијарда?

Во последниве 5 недели двете компании го преговараат евентуалното купување, кое е заглавено само заради инаетот на Whatsapp да не се продаде под 1 милијарда долари.

Гугл бара да не го ставаме секогаш во уста

Сигурно некогаш вие или некој до вас рекол: "Ја знам неа, ја гуглав" или "Јасен ми е проблемот, сум го гуглал". Е па, на Гугл му пречи тоа.

Гугл Цирих во нови канцеларии

Канцелариите на Гугл во секое нивно издание се неверојатни места и без разлика за која канцеларија или претставништво зборуваме, тие секогаш изгледаат како да се правени за да бидат игротека за возрасни. Ова се новите канцеларии во Цирих и како и кај другите и кај овие главно прашање е - како луѓево воопшто завршуваат тука некоја работа?

Што му треба на вашето CV за да ве викнат во Гугл или Епл

По основа на своето искуство како вработена во Микрософт, Гугл и Епл, Гејл МекДауел ја пишува книгата The Google Resume, во која дава совети за сите што сакаат да се вработат во ваква компанија. Ова се некои од најважните.

Гугл подготви милијарда за Епл

Една милијарда долари е цената што Гугл годишно ќе му ја плаќа на Епл за правото да биде дифолтен пребарувач на iOS оперативниот систем. Ова не значи дека ќе престанат да се расправаат и судат за другите работи.

Гугл X Phone доаѓа во мај?

Во финансискиот извештај за последниот квартал од Гугл објавуваат дека во пролетта 2013. треба да очекуваме "нешто големо" од Моторола. Иако никој ништо не спомена, главниот сомнеж на сите аналитичари е дека овие зборуваат за Гугл "X phone".

Сите ќе носиме венчален прстен

Дури ни Гугл не верува дека вашите пасворди се безбедни. Кога ни повеќефазните логирања и сериозни енкрипции не ги даваат очекуваните резултати, се размислува за хардверско решение на проблемот – усб бижутерија.

Кога Гугл ќе удри на недвижности

Гугл плати 1 милијарда долари само за земјиштето во центарот на Лондон на кое треба да се гради британското седиште на компанијата. Не, не го купи пола Лондон.

Гугл почна да прави "Х phone"

Гугл ги впрегна инженерите на Моторола (која ја купи во мај годинава) на создавање на нов, софистициран смартфон, кој ќе биде директна конкуренција на Ајфон и Самсунг. Проектот има скроз Бонд име - "X phone."

Оптимизација во живо

Не е дека се жалиме, ама тоа што човек го трпи он-лајн, тешко дека би помислил и секудна да го трпи во реален живот. На некои работи не им треба оптимизација.

„Гугла“ во речникот на македонски јазик?

„То Google" официјално влезе во Меријам Вебстер и во Оксфордскиот речник на англиски во 2006. Но истиот си постои, во идентична или адаптирана форма, и во други јазици. Само прашање на време е кога и тие верзии ќе влезат во нивните стандардни речници. 

Интернетот го сотре печатот

За првите 6 месеци од годинава, сите весници и списанија во САД заработиле 19,2 милијарди долари од реклами. Истовремено, по иста основа, Гугл сам заработил 20,8 милијарди долари.

Франција му го пушти УЈП на Гугл

Франција и официјално побара од Гугл да плати данок на парите што ги направил во земјата во изминатите 4 години. Даночната пријава за Гугл е на 1 милијарда евра.

Гугл не е ист за сите

Резултатите што вие ги добивате на Гугл за едно исто пребарување, не се исти со резултатите што ги добива вашиот сосед или кој било друг човек. Генерално резултатите се адаптираат врз основа на сите податоци што Гугл ги има за вас: од пол, возраст и локација, до претходни пребарувања и пријатели на ФБ.

Битка за парите: медиуми vs. Гугл

Во два одвоени настани, бразилските и француските медиуми ја спукаа со Гугл заради тоа што компанијата директно профитира од тоа што ги објавува нивните содржини на агрегаторот за вести Google News.

Гугл плеј

Гугл има една посебна навика да ги промовира своите сервиси преку работи кои немааат никаква логика или поврзаност со она што се рекламира. Ова се некои од подобрите примери.

Луѓето што гледаат порно за Гугл

Во својата приказна за тоа како по една година работејќи за Гугл на "мрачната страна" на интернетот не добил вработување, еден поранешен хонорарец објаснува како функционира компанијата.

Гугл те памти и кога не си битен

Компанијата позната по својата великодушност, продолжува да се грижи за своите вработени и кога ќе си заминат од компанијата и од овој свет.

Првиот инвеститор во Гугл

Човекот што им ги даде првите пари на Брин и на Пејџ уште кога беа "студентарија," денес е на истото работно место на Универзитетот Станфорд како и денот кога им го потпиша чекот. Единствена разлика, многу, многу, пари.

Јаху ја грабна жената на Гугл

Јаху комплетно ја вознемири Силициумската долина кога објави дека нов ЦЕО на компанијата е Мариса Мајер, жената која го израсна Гугл и една од првите вработени во компанијата.

Гугл пројде со бакшиш

Федералната комисија за трговија ќе го казни Гугл со 22,5 милиони долари, што е најголемата казна што таа и ја одредила на една компанија. На Гугл ќе му бидат потребни 4 часа, за да ги заработи овие пари.

Гугл чуда

Додека го индексираше светот, Гугл ги собра и Светските чуда. Ама не само оние редовните 7, туку многу, многу повеќе. Распоредени се по тема и локација, а за секое имате водич, информации, дополнителни фотки, видеа и 3Д модели. Скоро како да сте биле таму.

Точка Гугл, точка сè

За да ги заштити своите брендови и за да покаже малку чатал, Гугл ќе потроши 9,25 милиони долари за купување на домени од највисокото ниво. Домени од типот .youtube .google .docs .lol и слично.