Гугл те памти и кога не си битен

Компанијата позната по својата великодушност, продолжува да се грижи за своите вработени и кога ќе си заминат од компанијата и од овој свет.

Форбс открива дека ако кој било од 34.000 вработени на Гугл почине додека е вработен во компанијата, нивниот партнер секој месец ќе добива 50% од нивната плата, во период од цели 10 години.

Освен ова сите акции на вработениот веднаш се препишуваат на неговите наседници, а децата на починатиот добиваат по 1.000 долари годишно се додека не наполнат 19 години, или 23 години ако се редовни студенти.

Она по што овие бенефиции се разликуваат од сите други поволности што ги дава Гугл или другите компании, е фактот дека тие нема на ниу еден начин да ја зголемат продуктивноста на работникот .

"Очигледно е дека Гугл нема корист од воа. Но причината зошто го правиме е ова за нашите вработени не е затоа што е битно за бизнисот, туку едноставно затоа што тоа е правилната работа што треба да се направи," изјавил главниот кадровик на Гугл.

9 август 2012 - 13:50