Гугл почна да прави "Х phone"

Гугл ги впрегна инженерите на Моторола (која ја купи во мај годинава) на создавање на нов, софистициран смартфон, кој ќе биде директна конкуренција на Ајфон и Самсунг. Проектот има скроз Бонд име - "X phone."

Во веста што ја објавува Вол Стрит Журнал, неименуваните извори објаснуваат дека моментално во Моторола се дизајнира "маркантен уред со револуционерни способности" кои сериозно ќе го разликуваат од конкуренцијата.

Од новостите што треба да ги има новиот телефон соговорниците на Вол Стрит Журнал, најавуваат екран што се свиткува, најквалитетна камера што до сега се појавила на мобилен телефон и изработка на телефонот од керамика за да биде по издржлив на удар, но и да може да се произведува во различни бои и облици.

И покрај проблемите што ги имаат во развојот на телефонот, најавата е дека уредот ќе биде пуштен во продажба во текот на 2013-та.

Освен техничките проблеми кои треба да ги решат, Гугл ќе треба да најде начин како да го промовира својот телефон а да не ја спука работата со компании како Самсунг и ХТЦ. Моментално Самсунг е број еден производите на смартфони во светот и сето тоа со голема помош на Гугл, кој бесплатно го дава својот оперативен систем.

Гугл ја купи Моторола Мобилити во мај годинава, за 12,5 милијарди долари. Освен тоа што знаат да прават мобилни, главното нешто што Гугл го доби од зделката е неверојатно големото портфолио на патенти што Моторола го поседува.

22 декември 2012 - 12:53