Во финансискиот извештај за последниот квартал од Гугл објавуваат дека во пролетта 2013. треба да очекуваме "нешто големо" од Моторола. Иако никој ништо не спомена, главниот сомнеж на сите аналитичари е дека овие зборуваат за Гугл "X phone".
Гугл ги впрегна инженерите на Моторола (која ја купи во мај годинава) на создавање на нов, софистициран смартфон, кој ќе биде директна конкуренција на Ајфон и Самсунг. Проектот има скроз Бонд име - "X phone."