Шпекулациите се дека Гугл ја планира премиерата на Х Phone и X Tablet за време на нивната следна конференција за програмери, која е закажана од 15-ти до 17-ти мај.
Разликата од X Phone до сегашните уреди што ги нарекуваат Гугл телефон (како Нексус), е што тие се партнерство на Гугл со хардверските компании, додека кај новиот телефон и хардверот и софтверот ќе биде на Гугл.
На соопштувањето на денешниот извештај од Гугл објаснија дека кога ја купиле Моторола, во компанијата веќе биле започнати 12 до 18-месечните планови за изработка на производна линија. Иако тие теоретски можеле да ги прекинат овие планови, тоа би преставувал преголема долгорочна загуба за нив.
"Во денешниот свет со повеќе екрани, можностите се бескрајни... проблемот со батеријта е огромен... кога ќе ти падне телефонот, тој не би требало да се распрска. Постои вистински потенцијал да се измислат нови и подобри искуства," изјавил Лари Пејџ за време на преск конференцијата.