Неговата работа била да ги прочистува сервисите на Гугл од работи како некрофилија, бестијалност, самоубиства, отсекување глави, експлицитни фетиши и детска порнографија.
Тој проценува дека додека бил во компанијата на ден прегледувал околу 15.000 фотографии од детска порнографија, кои мораат да се тргнат во рок до 24 часа и да бидат пријавени на полицијата.
Неименуваниот хонорарец, објаснува дека и голем број негови колеги не добиле вработување по истекување на привремениот договор.
"Момци од трета смена на ЈуТјуб, тие седат од 10 навечер до 8 наутро и гледаат се што се објавува на сервисот, од детско порно до сечење глави. Имаше еден дечко што го знаев во ЈуТјуб, и тој беше човек што знаеше се за обезглавување. Кога ќе се појавеше некое ново видео на Ал Каеда тој беше прв што го гледа. И него не го вработија," објаснува поранешниот хонорарец на Гугл.