Веста ја пренесува магазинот Le Canard, според кој владата само што ја завршила истрагата за тоа како компанијата ги движи своите приходи преку границите на Франција.
Во основа оданочувањето е за профитот што компанијата го направила во Франција, ама било фактурирано од Ирска, каде што корпоративните даноци се далеку пониски.
Целата работа оди вака: најголемиот дел од приходите на Гугл во Европа, се праќаат во Ирска, каде што се пријавуваат за данок (една од најниските стапки во ЕУ). Потоа од таму парите се препраќаат во Холандија, од каде што се трансферираат на Бермудските острови, каде и официјалното седиште на Гугл Ирска. Бермудските острови немаат никаков данок за корпорации.
До сега Гугл на Франција и има платено данок од само 5 милиони евра (за 2011-та).
Во понеделникот на оваа тема состанок имаа францускиот претседател Оланд и Ерик Шмит, извршниот претседател на бордот на Гугл.
Освен решението за плаќање данок, Франција на компанијата и подготвува и закон кој ќе бара од Гугл да плаќа одреден надомест за секоја вест од француските весници што ќе ја објави на агрегаторот Google News.