Иако колеџот сам по себе е задолжителен, Гејл објаснува дека овие компании секогаш им даваат сериозна предност на кандидатите кои доаѓаат од елитните колеџи. Освен тоа на овие компании важен им е и кој ви бил главниот предмет за време на студиите, па така на пример студентите кои завршиле некаква форма на уметности или хемија, е малку веројатно дека ќе бидат поканети на интервју. На Гугл и Епл дополнително им значи ако сте успеале да се спријателите со некој од професорите што ви предавале.
Меѓу другите работи кои ќе ве следат од времето додека сте биле на факултет е и тоа како сте го трошеле слободното време. "Некои студенти работат како келнери, некои прават поинтересни работи. Мислам дека не треба да ви кажувам која група ќе ја одберат," објаснува МекДаеул, чија прва работа за време на колеџот била програмирање.
Компаниите доста вреднуваат ако сте минале некое време работејќи бесплатно за некој старт-ап или пак сте помогнале околу веб дизајнот и слични технички проблеми на некоја добротворна организација.
Една од интернет навиките која прилично ќе ви користи е добриот спелинг и познавањето на граматичките правила. Исто така од голема корист е и ораторството.