Јаху ја грабна жената на Гугл

Јаху комплетно ја вознемири Силициумската долина кога објави дека нов ЦЕО на компанијата е Мариса Мајер, жената која го израсна Гугл и една од првите вработени во компанијата.

Мајер е изненадување не само за привремениот ЦЕО на Јаху, Рон Левинсон, кој беше главниот кандидат за позицијата, туку и за остатокот од ИТ светот бидејќи таа е една од првите 20 вработени на Гугл и е еден од најважните ликови во компанијата.

Само во рок од една година Јаху имаше 5 различни ЦЕО.

По речиси десет години раководење со бизнисот со пребарување, најпрофитабилниот сектор на Гугл, Мajер беше ставена на позицијата заменик претседател за локација и локациски сервиси. Но, минатата година Гугл го промовираше Џеф Хубер во постар заменик претседател за локални сервиси и трговија, со што тој доби едно ниво над Мајер. Ова и личната амбиција на Мајер да постигне нешто надвор од Гугл, се сметаат за главна причина за нејзиното заминување.

Мајер имаше клучни позиции во:
Google Search,
Google Images,
Google Books,
Google Product Search,
Google Toolbar,
iGoogle,
Google News и Gmail.

Сега дилемите се дали е паметно за Мајер што го напушта комфорот на Гугл во замена за огромниот неред во Јаху, и дали таа како некогашен продукт менаџер, ќе се снајде на позицијата на ЦЕО на една компанија која има десетици разни продукти и сервиси.

Мајер во понеделникот по телефон поднела оставка во Гугл, а денес почнува со работа во Јаху.

17 јули 2012 - 11:26