Дејвид Черитон во 1998-ма инвестираше 100.000 долари во проектот на Брин и Пејџ, денес неговата инвестиција се проценува на 1 милијарда долари. Во ова не се пресметани и другите негови инвестиции.
Со нето богатство од 1,3 милијарди долари Черитон веројатно е најбогатиот академски работник со полно работно време во светот. На страна инвестициите, човекот се уште вози Фолксваген од 86-та, сам се шиша, а најголемиот луксуз му е што годинава за децата купил Хонда Одисеј.
За луксузот (јахтите) неговиот став е: "Еднаш некаде прочитав дека брод е дупка во водата во која истураш еден куп пари."
Единствено нешто на што Черитон троши многу пари, се инвестициите во стартап компании. Првите две компании кои ги основал биле продадени на Циско и на Сан Микросистеми, за стотици милиони долари. Се на се тој има инвестирано над 50 милиони долари во најразлични компании од VMware до Гугл.
Неговото правило за инвестирање е да се избегнуваат моментални трендови (во кои според него спаѓаат и социјалните мрежи) и да се инвестира во нешто што прави мерливо подобрување во животот на луѓето.