Изјавата на Сем Нил, дека Лора Дерн била „на нежна, 23-годишна возраст“ е доста занимлива, бидејќи на 23, Дерн е едноставно полнолетна, возрасна личност
Лиа Томас, пливачката што победи на американскиот колеџ-шампионат минатата недела е машко. И затоа што е машко - со тело што е повисоко, пошироко и посилно од женските натпреварувачи - победи на тој натпревар. Кога пливаше покрај други мажи, стигаше до невпечатливото 554-то место.
Њујорк Тајмс ја одобри идејата дека наводниот ретрограден био-есенцијализам на Џ. К. Роулинг не само што не е модерен, туку го прави нејзиното постоење непожелно.
Од аплаузи за доближување на поезијата до децата од работничката класа, до понижување до степен да прифати преправки на нејзините дела за некој осетлив да не се навреди.
По исцрпувачките локдауни, Австралија деновиве доживува огромно зголемување на бројот на новозаразени луѓе. За Австралијците, Новак Ѓоковиќ е најмалиот проблем, но го доживеаја како провокативен прст во око и сета огорченост што дозволија да бидат затворени две години, сега ја истураат на тенисерот.
Многу придобивки има од тоа што општеството разви потранспарентна и побесрамна врска со сексот. Секако значи прогрес кога она што се случува во нечија спална повеќе не е прашање на јавен морал. Но дали се само придобивки? Супер е што сега геј-врските не се билет во еден правец за затвор, и што луѓето веќе не им судат на мажите и жените што се впуштаат во секс без обврски. Но дека има негативни страни - има.
Разговор со Педи Дикс, кој до април годинава ја водеше британската вакцинална операција, која, и по оценката на тамошните критички настроени медиуми, беше ретка работа која Британија ја направи саглам во пандемијата: испорачаа 120 милиони дози вакцини, вклучително 23 милиони бустер дози. Омикрон не го плаши.
Од Грета Тунберг до 15 денари за ќеса, од наука до НВО слогани, на планетава постои консензуална загриженост за климата и нашиот ефект врз неа. Но, кога некој наратив станува монополски доминантен, постои опасност кон темата да се пристапува испразно и паролашки. Да видиме како размислува другата страна, колку да си ги баждариме аргументите.
Ние уште не знаеме, ама Спајкд, кои многу често имаат легитимни аргументи кога нешто е ѓубре, за новата книга на Емили Ратајковски „Моето тело“ велат дека е „плитка, солипсистичка и посамобендисана од тинејџерски дневник.“
Како и сите корпорации, и Нетфликс е освестен. Во 2018 на пример, отпушти еден директор затоа што го изустил навредливиот збор на Н, иако го кажал дескриптивно при дискусија за навредливи зборови за црнците.
Текст на Ела Велан за Спајкд, инспириран од расположението во Велика Британија во однос на насилството врз жени. Секоја сличност со локални ситуации е случајна.
Хатун Таш е поранешна муслиманка, а сега христијанка која беше избодена и исечена со нож сред бел ден пред очевидци во Спикерс корнер во лондонски Хајд парк, само затоа што ги изразила своите верувања. Таш не доби ни медиумско внимание, ни хаштази за солидарност, ниту пак загриженост од политичарите дека Британија изгледа дека станува земја во која си во опасност ако го критикуваш исламот.
Иако ковид е глобален проблем што не знае за граници, пандемијата ја раздрма германската политика како ништо до сега. За прв пат по 16-годишно владеење, Ангела Меркел минатата недела, пред камера, се извини за грешка.