Се разбира, телевизијата и филмот секогаш ќе даваат генијалци и автентични уметници. Сè уште има добри серии и филмови и многу од нив се мејнстрим. Но, поголемата слика е на конференциска сала со одбор што вели: ако не е расипано, направи го одново.
Што и да се продава добро, препакувај го и продај го пак. Земи (често одличен) оригинал и еби му матер од спиноф-ување. Продолженија, трилогии, римејкови, меѓумедиумски премини, комбинирани универзумски спектакли, цртани верзии, видео-игри и кросовери, продолженија на продолженијата, трилогиски продолженија на трилогиите. Што и да се продава! А сигурно ќе се продаде. И ако не се случи да заработи трилиони, само продолжи така. Следниот сигурно ќе донесе пари.
Индустријата сега копа нови дна со фиксација на приквели. Има очајна количина на филмски и телевизиски приквели во последниве неколку години. Во последно време гледавме таков од Господар на прстените, Игра на тронови, Војна на ѕвездите и, да не мислите дека се опфатени само супехероите и фантастичните жанрови - и на Брејкинг Бед исто. Последниве години видовме и за Хари Потер, па пак Господар на прстените (трилогијата Хобит), Осмиот патник и Икс-мен, а ако ги сметате овде и новите варијанти, имавме Спајдермен, Бетмен, Супермен и други менови што ги благословија со „како почна сè“ досаѓања.
И никогаш не е само еден филм, или сезона од серија; овие „што било претходно“ делови стануваат цела франшиза што се одолговлекува со години. Каква цинична експлоатација на добрата волја на публиката (која, да бидеме искрени држи и исклучително ниски стандарди за филмската индустрија). Уште полошо е што ни се закануваат со нови, не можеме ни да ги избегнеме.
Неодамна слушнав како некој се расправа дека универузмите на ДЦ и Марвел треба да се спојат, некако корпоративно, во еден гигантски кросовер производ. И ова беше човек во своите четириесетти.
Не можам ни да сфатам што е толку привлечно кај еден приквел. Земете го Rings of Power, да речеме - злото расте, земјата е о опасност… Само што, знаеме дека не е, затоа што видовме дека Саурон ќе биде уништен во Враќањето на кралот, во 2003, па кому му е гајле што се случило три илјади години порано?
Изреката беше, „Минатото е странска земја.“ Камо телевизиските и филмските продуценти да престанеа да патуваат толку.