Зошто треба да сме загрижени за #MeToo

Лајонел Шрајвер, наградуван автор (The Standing Chandelier) собира мислења за Спајкд.

Загрижен сум дека „фаќање за колено“ се фрла во ист кош со силување, што им прави ужасна штета на жртвите од силување, па и на тие фаќачи за колено. Загрижен сум дека сè повеќе ја мешаме реалната злоупотреба на моќ на работно место со често далечни сеќавања на мажи кои имале неуспешни - „несакани“ - додворувања. Во комплицираниот танц на додворувањето, некој мора да го направи првиот чекор и начинот да се открие дали другата страна е заинтересирана е да се направи физички контакт и евентуално да се прифати одбивање. Да бев млада жена што бара партнер, не би сакал да живеам во свет каде што мажот треба да понуди договор за потпишување во три примероци пред да ме бакне.

Загрижен сум дека ги сметаме жените за непоправливо оштетени и од најсекојдневни „пуштања“ и како неспособни компетентно и сензитивно да се справат со чести ситуации во кои мажите сексуално се привлечени од нив, а чувството не е обострано.

Загрижен сум дека на самиот секс сè повеќе се гледа како на нешто валкано и како на некакво нарушување, форма на напад, па старата конзервативност ја препакуваме во прогресивна светкава хартија. Загрижен сум дека сме на добар пат да ја демонизираме, па и да ја криминализираме машката желба.

Турбочарџнато од социјалните мрежи, #MeToo можеби отиде предалеку. Наместо да ги спои половите и да го подобри меѓусебното разбирање, во опасност сме да ги одвоиме половите. Да бев маж, ќе ја заклучев вратата од канцеларијата со намера да се самозадоволувам со интернет-порно на неодредено време. Вистинските жени не би изгледало дека вредат за ризикот да си ја уништам кариерата. Тоа ли го сакаме?

За да ги запознаете жените загрижени за #MeToo - клик.

2 февруари 2022 - 00:01