Но, зошто (Why, why?) да се забрани Дилајла? Според рагби-сојзуот во Велс и нивните поддржувачи, „текстот одобрува семејно насилство“. Во консултација со „експерти на темата“ за дали да се забрани песната, Сојузот тврди дека текстот е премногу „проблематичен и вознемирувачки“.
Има и политичар кој води кампања за забрана на песната скоро цела деценија, Крис Брајант, и неодамна ја спомнал во контекст на драматичниот пораст на семејното насилство низ Велс за време на натпреварите. Велат дека „време е да се пее нешто друго, затоа што околу две жени неделно ги убива партнер или поранешен партнер.“
Дека песната е проблемот.
Вистина е дека „Дилајла“ е приказна за љубоморен љубовник кој ја убива неговата неверна партнерка:
„Седеше таму смеејќи се,
го почувствував ножот во рака
и потоа не се насмеа повеќе.“
вака главниот лик го „решава проблемот“. Она што според Фрејзер Мајерс од Спајкд е крајно навредливо за рагби-фановите е што организаторите на оваа забрана не сметаат на тоа дека на сите им е совршено јасно дека не се работи за реалност. Ова е замислено сценарио, не опис на убиство, а сигурно не е и повик да се избоде партнерката.
Можеби во иднина активно ќе почне да се работи и да се учат новите генерации дека насилството не е опција и точка. Само, за тоа треба да се работи, напорно е, па веројатно им се чини дека и песна ќе заврши работа.
Нема.