Најголемите два спортски брендови ќе се рекламираат и во следните десет години на опремата на најголемите екипи од Серија А. Актуелниот италијански шампион од Најк ќе прави трансфер во Адидас, а Рома за прв во својата историја ќе се облекува во Најк.
Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ја начна мрежата во елитното италијанско фудбалско првенство. Тимот на Каљари славеше со 3:0 против Удинезе, а нашиот интернационалец асистираше при вториот и одлично се снајде во контра нападот по кој го матираше противникот.поставувајќи го конечниот резултат.
Рома доминира во Италија, ама не на табелата во Серија А, туку на табелата според висината на казните кои клубовите ги имаат платено заради испадите на нивните навивачи.
Во земјата каде што се вртат најголемите пари во фудбалот и каде клубовите го делат најголемиот колач од тв правата, постојано се рушат рекорди. Во јануари освен скапиот трансфер на Хуан Мата немаше нешто спектакуларно, но се случи нов рекорд.
Божиќ и Нова година традиционално носат збиен календар со фудбалски натпревари на островот, а на тоа очигледно најмногу се радуваат гледачите кои за време на големите празници се уште поверни навивачи.
Италијанските клубови пазареа атрактивни имиња изминатото лето, најмногу во делот на нападот каде ангажираа врвни фудбалери од Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Сити, а нивната вредност ја споредија со луксузни предмети.
Додека нивните колеги од останатите земји се уште не се отрезнети од божиќните прослави, фудбалерите од Велика Британија ќе си ги честитаат празниците на фудбалските терени и ќе одиграат 30 натпревари за само една недела.
Баерн Минхен и Манчестер Сити се првите осминафиналисти во ЛШ, а со нерешените 2:2 против Јувентус друштво им прави и Реал Мадрид. Изненадување на колото е нерешениот резултат на аутсајдерот Андерлехт против ПСЖ, а неочекувано со пораз од гостувањето во Копенхаген си замина тимот на Манчини.
Фудбалерите на Рома имаат многу причини за славје. Не само што по подолго време се неприкосновени лидери во Серија А, туку и го срушија рекордот на Јувентус со 10 победи на почетните 10 натпревари.
Рикардо Кака уште еднаш покажа дека е голем мајстор. Тој го постигна својот прв гол по враќањето во Милан и тоа не обичен гол, туку вистинско ремек дело. Сепак неговиот гол не беше доволен за победа на Милан и неговиот тим одигра 1:1 против Лацио.
Фудбалската династија Зидан се чини дека нема крај. Откако по стапките на својот татко тргнаа тројца негови деца, академијата во Реал се прошири со уште еден млад член од семејството на славниот татко кој во моментов му е асистент на Карло Анчелоти.
Со двата гола на Роналдо, Реал Мадрид стигна до максималната трета победа во ЛШ. ПСЖ и Баерн Минхен со по пет погодоци беа немилосрдни против Андерлехт и Викторија Плзен, а победи остварија и Баер Леверкузен, Галатасарај и двете екипи од Манчестер. Ибрахимовиќ блесна со четири гола.
Тренерот на македонскиот второлигаш Миравци си поднесе оставка поради тврдењата дека газдата натепал еден од фудбалерите затоа што не му подавал на син му. Сопственикот пак на Кардиф Сити го избрка главниот скаут и на негово место го стави школскиот другар на неговиот син кој работел како молер во клубот.
Новиот херој на Вест Бромвич Албион кој го постигна победничкиот гол против Манчестер Јунајтед, 20-годишниот Саидо Берахино од Бурунди за цела година заработува колку Ван Перси и Руни за еден ден.
Далечинскиот управувач во едната рака, пивото во другата. Најелитниот клупски европски фудбал кој секогаш со душа го чекаме стартува вечерва со осум натпревари. Највозбудливо се очекува да биде во Истанбул каде Реал Мадрид го чека пеколна атмосфера од темпераментните турски навивачи.
Клубовите од Премиер лигата летово на купување играчи потрошија 622 милиони долари повеќе отколку што заработија од продажба, разлика која можат да си ја дозволат заради парите што ги добиваат од Азија.
Како поткрепа на новите рекорди во продажба на билети во англискиот фудбал за кои пишувавме вчера, стигна најновото истражување од островот според кое цените за гледање фудбал паднале за 2,4% во првите четири лиги.
На неколку денови до затворање на трансфер периодот, клубовите од Премиер лигата се на добар пат да го срушат рекордот во трошење на пари за нови фудбалери.
Воопшто не е изненадување што изминатата сезона се продадени најмногу дресови со името на Робин ван Перси, но вчудоневидува фактот четвртина од сите можни продадени дресови во Англија се со името на Робин ван Перси.
Последниот месец од летниот трансфер период стартува денеска, а по доаѓањето на Тевез и Љоренте во Јувентус, Игуаин и Калехон во Наполи и Марио Гомез во Фиорентина, еве ги 10-те фудбалери кои би требало да ги одбележат завршните 30 дена во Серија А.
Сагата околу велшкиот фудбалер Герет Бејл секој ден добива на интезитет и се чини дека е неисцрпна тема која најмногу ги продава весниците во Англија. Зад големата ѕвезда на Тотенхем се кријат тројца "големи играчи" кои сакаат да го поделат колачот.
Флорентино Перез како магнет се лепи на големите фудбалски имиња кои веќе се докажани ѕвезди во клубовите од каде што доаѓаат. Математиките покажуваат дека Кралскиот тим кој го создал од дури 12 шпански фудбалери чини помалку од двајцата најскапи играчи кои ги купил od странство.
Го поврзуваат со клубови од цела планета, но тој и покрај тоа што е веќе 4 сезони дел од резервната клупа на Реал Мадрид не помислува да си замине и да биде лидер во некој друг клуб како што беше во Милан. На Кака убаво му доаѓаат 9 милиони годишно во Кралскиот тим.
Вака од прилика ќе изгледаа насловите во весниците по завршувањето на сезоната во Серија А, доколку судиите беа попретпазливи или можеби поненаклонети кон некои тимови.