Зинедин Зидан по се изгледа дека ќе има во иднина со што да се гордее во фудбалот, затоа што сите негови синови се дел од големиот Реал Мадрид во четири различни категории кои ќе се обидат да направат богата кариера како онаа на нивниот татко.
Најстариот од нив е 18 годишниот Енцо кој е дел од младинскиот тим на Кралевите и кој по стапките на неговиот татко ја носи „десетката". Во младинската академија на Реал се запиша во 2004 година, а пред две години беше повикан од Жозе Мурињо да тренира со првиот тим.
Роден е во Франција, но поседува и шпанско државјанство, а со оглед на тоа што неговите баба и дедо се од Алжир, можеше да бира помеѓу три репрезентативни дресови. На крајот го одбра дресот на шпанската селекција каде е дел во тимот до 15 години. Минатата година постигна еден од неговите поубави голови.
Вториот син на Зидан е Лука кој стана дел од Реал во исто време со својот постар брат. Роден е од 1998 година и е голман во тимот за играчи до 16 години. Неговиот идол е Икер Касиљас, а на турнир против Борусија Дортмунд го одбрани последниот удар од белата точка во пенал серијата.
Пред четири години по стапките на своите браќа отиде и Тео кој игра како офанзивен играч во средиот ред. Има 11 години, а најмногу ужива во игрите на Кристијано Роналдо.
За да не биде традицијата прекината најнов член од семејството на Зидан во младинскиот погон на Реал стана и најмладиот Елијас кој е роден во Марсеј во 2005 година.
Во описот за него стои дека се работи за силен и технички талентиран млад играч кој игра со лева нога и има одлична визија во играта. Неговиот идол е Рафаел Варане, а незаборавен натпревар му е финалето од Шпанскиот Куп од 2010 година во кој Реал славеше над Барселона.